Facebook најавува сопствена крипто-валута

Најголемата друштвена мрежа веќе во 2020 година би можела да воведе сопствена крипто-валута. Дигиталната валута на Facebook се вика GlobalCoin, и првите тестови ќе започнат пред крајот на 2019 година. Системот за плаќање ќе биде достапен во десетина држави, во првите три месеци на 2020, вели BBC.

GlobalCoin засега е интерно име за валутата, и не знаеме дали ќе биде официјално име на крипто-валутата на Facebook.

Советници на Facebook во креирањето на GlobalCoin се Марк Карни, гувернер на Bank of England и претставници на Министерството за финансии на САД. Лично Марк Закерберг се сретнал со г. Карни и разговарале за можностите и ризиците од лансирање на GlobalCoin.

Со дигиталната валута корисниците на најголемата друштвена мрежа ќе може да плаќаат иако немаат сметки. Секако клучно ќе биде прифаќањето на GlobalCoin за плаќање, а Facebook веќе е во преговори со повеќе онлајн продавници за можност за плаќање со идната валута.

Валутата пред сѐ е наменета за пазарите како Индија во кои корисниците кои работат во странство ќе можат да им испраќаат пари на своите роднини во Индија, пренесе Verge.

Секако освен на Facebook платформата, на располагање за испраќање на крипто-валутата Facebook може да го користи и WhatsApp.

За разлика од најголем дел од останатите крипто-валути кои имаат променлива вредност, вредноста на GlobalCoin ќе биде врзана за доларот. Со тоа корисниците ќе можат да купуваат, продаваат и разменуваат без да се грижат за огромни скокови и падови во вредноста.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии