Facebook има една милијарда корисници

Facebook сега има над 1 милијарда корисници месечно. Основачот на мрежата, Mарк Закерберг им се заблагодари на корисниците што му веруваат на него и на неговиот тим.

„Да им помогнеш на милијарда луѓе да се поврзат е неверојатно, понизно и едно од работите на кои сум најмногу горд во мојот живот.“, вели 28-годишниот Закерберг.

Покрај бројот на корисници, Facebook објави и неколку неверојатни статистики како на пример дека до сега вкупно има 1,13 трилиони „лајкови“, 219 милијарда фотографии и 17 милијарди чекирања на локации.

Доколку заборавивте, Facebook е стартуван во 2004-та година, пред само oсум години. Но, иако мрежата забележа неверојатен раст, сепак пред неа стои еден од поголемите предизвици, а тоа е како да го привлече вниманието на бизнисите и да монетизира од милијардата корисници.

1 коментар на “Facebook има една милијарда корисници

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии