Facebook на македонски? Зависи од нас…

Дамјан Дано

во Блог

Најпопуларниот (да да, ќе го карактеризирам баш така) веб сајт за социјално вмрежување Facebook.com најави дека ќе понуди дополнителни 55 јазици за преведување преку својата апликација за преводи. Мулти-јазичноста Facebook ја започна во Февруари оваа година кога ја претстави шпанската верзија на сајтот, а воедно и широко критикуваната апликација Translations преку која подоцна за кратко време се преведоа и верзиите на француски, германски, јапонски, кинески и италијански и сл.

Додадените 55 јазици не го вклучуваат македонскиот јазик но го вклучуваат есперанто и латинскиот (!?) од проста причина што досега македонските корисници на Facebook го немаат предложено во листата на јазици за превод преку Translations апликацијата. Од јазиците што ни се "блиски" на нас ќе ги има: хрватски, босански, албански, словенски… а да и 1337 5p34k. :-)

{mosimage}

Доколку се прашувате зошто погоре стои "понуди за превод" наместо "овозможи за користење" тогаш сте ја пропуштиле целата галама околу тоа како Facebook ги експлоатира своите
корисници (над 100 милиони) за да го зголеми своето глобално присуство а и профит.

Апликацијата Translations овозможува самите корисници да ги преведуваат јазиците во листата за превод доколку јазикот им е познат. Потоа останатите корисници кои го говорат тој јазик гласаат за точните термини кои по одреден број на гласови се усвојуваат. Кога еден јазик ќе се комплетира, од Facebook само го додаваат во листата на достапни јазици. Лукаво, зар не? Но зошто да плаќаат некого да преведува и да трошат од милијардите кога можат тоа да го направат на веб 2.0 начин?!

Доколку сакаме самите да си го преведеме Facebook на македонски, предложете го тука за да ни го овозможат за превод.

Бај д веј, новододадените јазици се: Latin, Esperanto, Yiddish, Català, Ceština, Dansk, Deutsch, English, Español, Français, Italiano, Nederlands,
Norsk (Bokmål),
Polski,
Português (Brasil),
Suomi, Svenska,
Íslenska, Afrikaans, Bahasa Indonesia, Bahasa Melayu, Basa Jawa, Cymraeg, Eesti, English (GB), Español (Chile), Español (Colombia), Español (España), Español (México), Español (Venezuela), Esperanto, Euskara, Français (Canada), Føroyskt, Gaeilge, Galego, Hrvatski, Kiswahili, Latviešu, Leet Speak, Lietuviu, Limburgs, Magyar, Malagasy fiteny, Malti, Nederlands (België), Norsk (Nynorsk), Português (Portugal), Româna, Shqip, Slovencina, Slovenšcina, Soomaaliga, Tagalog, Tatarça, Türkçe, bosanski jezik, isiXhosa, isiZulu, lingua latina, rumantsch grischun.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии