Facebook Moments со нови опции за споделување моменти

Image Courtesy of Facebook

Facebook апликацијата Moments штотуку стана пофлексибилна во поглед на споделување и поставување фотографии. Имено, најновата надградба на апликацијата се одликува со корисни функции како Joinable Moments и Favorites табот.

Joinable Moments е одлична алатка за споделување албуми од фотографии со Facebook „неверниците “, односно познаници кои не се на Facebook. Во такви ситуации, албумите се праќаат преку веб линк. За да можете да ја искористите оваа предност, потребно е да изберете албум и преку трите точки, кои се наоѓаат на долната, десна страна да изберете share link. Линкот, потоа, се праќа на порака, e-mail или соодветна платформа, а примателот има опција да биде дел од моментите без да се приклучи на Facebook социјалната мрежа.

facebook_moments

„Независно дали се работи за свадби, забави или концерти, можете лесно да споделувате фотографии од настани со сите – без разлика дали тие се Facebook пријатели или не“, објаснуваат од Facebook.

Втората новина се должи на новиот таб за омилени фотографии и можностите кои стојат зад него. Сега, сите фотографии кои сте ги примиле или поставиле во последните 30 дена можат да се сочуваат како омилени така што ќе се одбере ѕвездичката во горниот десен агол. Просторот за поставување фотографии на овој начин е неограничен, а услугата бесплатна.

Moments ви стои на располагање за iOS и Android.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии