Facebook Messenger сега и како веб апликација

Сега може да четувате на Facebook преку посебна Facebook Messenger за Веб. Четот на прелистувачот е достапен на Messenger.com, и тоа што ќе го забележите е дека Messenger за прелистувач ја има истата функционалност како и на Facebook. Но, кога се во прашање пораките, со оваа нова верзија имате поголема прегледност на пораките, иако објавите на ѕид, на пример, не се достапни на апликацијата. За разлика од мобилната верзија на Facebook Messenger, веб верзијата во моментов не овозможува гласовни повици, овозможува исплати, но единствено доколку функцијата е веќе достапна и на телефонот на корисникот.

Од компанијата велат дека нема да ги отстранат пораките од Facebook, а новата Messenger веб апликација претставува единствено самостоен сервис за пораки. Но, ова го имаме чуено и претходно, и затоа не му веруваме на Facebook. Кога беше стартувана мобилната верзија, Facebook најави дека оригиналната верзија и четот ќе останат заедно, и покрај тоа што има две апликации, за по кратко време да ги оддели комплетно. Прашање на време е кога ќе видиме посебни апликации за десктоп, како што направија за Mac.

Но, тоа што е интересно е штом ќе отидете на Messenger.com ве пречекува најава за Messenger for Business, што може да биде интересен сервис. Facebook неодамна ја најави оваа новина со која бизнисите ќе можат да испраќаат детали за своите продукти до корисниците.