Facebook ќе ви покажува со кого споделувате постови

Катанчето беше воведено во мај бидејќи се крена галама околу приватноста на Facebook, па беше воведено со цел корисниците да можат да избираат со кого ќе споделуваат информации – со пријатели, со пријатели на пријатели, со сите или само со одредени луѓе.

Наместо тоа сега при пишување на статус Facebook ќе ви покаже со кого споделувате статус, слика, видео… како на сликата погорe.

Ова е интересна новина земајќи в предвид дека катанчето скоро и да е неприметливо и многу корисници го игнорираат. Промената ќе помогне при одредување на приватноста и тоа што се објавува на мрежата. Од друга страна може да помогне на Facebook да се генерираат повеќе јавни постови, бидејќи корисниците знаејќи ја опцијата ќе може да го менуваат степенот на приватноста.

1 коментар на “Facebook ќе ви покажува со кого споделувате постови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии