Facebook ќе препознава лица на фотографиите

Facebook вели дека ова ќе придонесе кон полесно тагирање, и ќе резултира кон почесто одбележување на лицата во фотографиите. Пример, работи така што при закачување на слика Facebook предлага сугестии во „Who is this?“ полето за впишување на името. Корисникот треба само да ги штиклира луѓето.

„Кога вие или вашиот пријател закачи нова слика, ние користиме софтвер за препознавање на лице -сличен што го има во многу алатки за едитирање на фотографии- да ги поврзе вашите нови фотографии со други фотографии каде сте тагирани. Ние ги групираме сличните фотографии и, каде што е можно, сугерираме имиња на пријателите во фотографиите“, вели Facebook во блог пост.

Ова може да биде сериозен проблем за приватноста бидејќи софтверот на Facebook ќе „складира“ карактеристики на лицето, проучувајќи ги од фотографиите и препознавајќи ги според нивните карактеристики.

Но, се чини дека Facebook научи доста од претходните пропусти во приватност, па сега ќе вклучи опција за корисниците да одбере да не биде вклучен од „сугестиите за тагирање“. Како и секогаш кога Facebook форсира алатки, опцијата по зададено (default) ќе биде да ве вклучи во тагирање, а за да ја изгасите ќе мора да се потрудите сами преку Privacy Settings -> Customize Settings -> исклучете го Suggest photos of me to friends.

Facebook вели дека ќе предложува лица за тагирање само доколку има „висока сигурност“ дека предложеното лице одговара на тоа на фотографијата.

3 коментари на “Facebook ќе препознава лица на фотографиите

  1. што ќе прават овие појќе од МВР ќе имаат податоци за сите :) треба да се има некоја граница. сепак не се работи за луѓето туку се работи за профитот нивни.

  2. малку нејасно е од текстот, дали „ќе се вклучи опција за корисниците да одбере да не биде вклучен од „сугестиите за тагирање““ значи opt-out или opt-in во однос на означувањето на сопственото лице.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии