Facebook ќе префрла над 1.5 милијарди корисници надвор од досегот на новиот закон GDPR

Не поминаа ни десет дена откако основачот на Facebook сведочеше пред конгресот. Тогаш Марк Закерберг излезе со мислење дека Европа се движи во вистинска насока кога регулирањето на податоците е во прашање. Компанијата вети дека иако не се приморани, сепак ќе ја применат оваа пракса насекаде.

Сепак денес е јасно дека ако може Facebook ќе ја заобиколи оваа мерка. Поточно, Facebook планира огромен дел од корисниците кои сега потпаѓаат под Европа да ги префрли надвор. Или без разлика од каде се корисниците, друштвената мрежа ги регулираше односите со нив по европските закони. Сепак…

Од следниот месец друштвената мрежа планира сите, освен корисниците од Европа, да бидат управувани надвор од Даблин. Префрлањето на корисници надвор од зоните кои ќе потпаднат под влијание на новиот закон GDPR, Facebook го потврди за Reuters.

Промените ќе „префрлат“ над 70% од корисниците надвор од Европа. Ова се однесува на 239 милиони корисници од САД и Канада, и над 1.52 милијарди корисници од други локации. Во Европа друштвената мрежа има 370 милиони корисници.

И, иако ова е случај, Facebook и понатаму тврди дека планира сите функциналности за заштита на приватноста да бидат подеднакво достапни насекаде. Сепак доколку бидат прекршени правата на некои од корисниците, тие нема да можат да се жалат пред судот во Даблин.

Слични промени се забележени и кај Linkein. Платформата префла дел од своите корисници од LinkedIn Ireland на LinkedIn Corp, лоциран во САД.

2 коментари на “Facebook ќе префрла над 1.5 милијарди корисници надвор од досегот на новиот закон GDPR

  1. Добро, ај што само правите copy-paste на светски вести со задоцнување од неколку дена, ама дури и преводите ги промашувате.
    Не станува збор за 1.5 милиони, туку 1.5 билиони корисници! Во насловот ви ја има бројката, а потоа и во целиот текст ја повторувате истата, иако е толку очигледно дека нема никаква логика да е таа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии