Facebook ќе одговори на барањата на издавачите, наскоро почнуваат тестовите за претплата

Наскоро издавачите Facebook Instant Articles ќе можат да додадат и претплати. Друштвената мрежа најавува дека наскоро ќе додаде можност за ограничување на содржините кои ќе може да се отворат бесплатно. По надминување на оваа бројка, корисникот ќе добие понуда за претплата, јави The Street.

Првите информации говорат дека на корисникот ќе му бидат достапни 10 бесплатни статии секој месец. По ова, до крајот на месецот корисникот нема да може да ги отвори содржините. Се зборува и за воведување фримиум можност со која дел од содржините ќе бидат достапни на сите, а дел ќе бидат „заклучени“ зад претплата.

„Она што го слушнавме на првите средби, од многу од весниците и издавачите на дигитална содржина е: „Бараме претплата.“ Сакаме платежен ѕид на Facebook, и токму ова го правиме сега. Лансираме претплата“, вели Кембел Браун од Facebook.

Функционалноста доаѓа на барањето на издавачите и медиумите. Претплатите ќе бидат интегрирани со веќе постоечките претплати на медиумите, па корисникот кој се претплатил ќе може да ги отвора содржините без проблем.

Според најавата новата функционалност ќе започне со тестови од октомври. Ако тестовите се успешни „платежниот ѕид“ на друшвената мрежа ќе биде достапен од 2018 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии