Facebook е последната компанија која се откажа од Flash. Социјалната мрежа ги замени Flash со HTML5 барем кога се во прашање видеата. Кога се во прашање видеоигрите, тие прoдолжуваат како и досега на Flash, но социјалната мрежа вели дека бара начин да направи замена и тука.
Со оглед на тоа дека поновото барање за повлекување на Flash започна со барањето на шефот за безбедност на Facebook, Алекс Стамос, долгото време кое беше потребно за повлекување, можеби е изненадување. „Не само што лансирањето на HTML5 видео ќе го олесни развојот, туку ќе го подобри и искуството при разгледување на видеа за корисниците на Facebook“, вели Facebook.
Причините за повлекување се исти како и претходните. Flash платформата е вистинска опасност за корисниците, и во споредба со HTML5 е побавна. Flash e толку лош што и Adobe мораше да се откаже од него. Но, Facebook вели дека ќе мора да работи на грешки во прелистувачите со HTML5, во оптимизацијата и проблемот кој го имаат со корисници што користат постари прелистувачи во кои HTML5 работи полошо од Flash.







