Facebook ќе ги забрани сите рeклами за крипто валути

Најголемата друштвена мрежа, Facebook најави дека ги забранува сите реклами за крипто валути.

Реакцијата на Facebook е во насока да се намали бројот на измамници, а промените ќе бидат имплементирани глобално.

Промените се однесуваат за сите. Без разлика дали компанијата работи легално или не, нема да може да рекламира крипто валути.  Нема да може да се рекламира ништо, ниту продажба на биткоини, ниту „inital coin offerings“. Дополнително, огласите ќе бидат отстранети од сите места каде друштвената мрежа презентира реклами, односно Instagram и Audience Network.

Facebook на својот блог дури објави и примери кои ќе бидат отстранувани.

„Сакаме  луѓето да продолжат да откриваат и да учат за нови производи и сервиси преку Facebook рекламите, без страв дека ќе бидат измамени. Секако има многу компани кои рекламираат бинарни опции, ICO и крипто валути и тоа не го прават добронамерно“, соопшти Facebook.

Речиси истовремено Комисијата за хартии од вредност „посочи“ добар пример зошто не треба да има реклами. Затворен е ICO проект наречен AriseBank. Проектот е непознат, но неговите основачи тврадат дека собрале 600 милиони долари, пренесе ArsTechnica.

Причината поради која е затворена AriseBank е поради тоа што продава ICO, кој се своевидни акции, а компанијата/проектот не е регистрирана како таква.

„AriseCoin е нова дигитална монета која претставува глобален економски систем на кој светот чекаше. Новиот систем ги комбинира најдобирите карактеристики од капитализмот и социјализмот, и истовремено отстранувајќи ги нивните недостатоци. Капитализам без нееднаквост и социјализам без недостаток на можности“, вели AriseBank во своето соопштение, објаснувајќи го она што го работи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии