Facebook ќе стартува алатки за анализа во реално време

Во наредниве неколку недели, Facebook ќе додаде нова алатка за анализа на акивноста на фан страните која ќе биде во реално време, наместо како што е сега аналитика за најновите пост да доцни по ден-два. Оваа алатка ќе биде надополнување на Pages Insights и ќе бидат достапни за сите администратори глобално.

Алатките ќе содржат статистики во реално време за People Talking About This, Page Reach и Engaged Users. На кратко објаснети сите овие опции ќе им понудат на администраторите веднаш да проверат што се случува со постовите.

Овие алатки ќе бидат корисни за брендовите кои ќе сакаат да си ги истакнат постовите на својот нов Timeline страна, која ќе стартува за сите фан страни од 30 март. Во моментов брендовите имаат шанса да ги прегледаат Timeline страните пред да ги пуштат во употреба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии