Facebook ќе понуди бесплатен интернет пристап во Африка со нова Internet.org апликација

Иницијативата на Facebook, Internet.org, издаде Android и веб апликација која ќе им овозможи на жителите на државите во развој бесплатен пристап до повеќе апликации, јави Гај Росен, продукт менаџер во Facebook.

„Со оваа апликација луѓето ќе можат да разгледаат низа корисни здравствени податоци, податоци за вработување или локални информациски сервиси без за тоа да плаќаат. Со обезбедување на основни услуги преку апликацијата, се надеваме дека ќе им овозможиме на повеќе луѓе да бидат онлајн и да откријат вредни услуги, кои поинаку не би ги имале“.

Апликацијата ќе биде достапна најпрво во Замбија и тоа за корисниците на Airtel. Преку апликацијата корисниците ќе имаат бесплатен пристап до: AccuWeather, Airtel, eZeLibrary, Facebook, Facts for Life, Google Search, Go Zambia Jobs, Kokoliko, MAMA (Mobile Alliance for Maternal Action), Messenger, Wikipedia, WRAPP (Women’s Rights App) и Zambia uReport. Internet.org во соопштенијето појасни и дека нема да застане на Замбија туку ќе следи покривање и на други краишта на светот.