Facebook ќе излезе на берза на 17 мај, се проценува на 100 милијарди долари

ТеchCrunch открива дека Facebook ќе излезе на берзата на 17 мај, иако датумот ќе зависи од тоа дали ќе бидат подготвени документите првично објавени во февруари, заедно со тие од неодамнешната аквизација на Instagram.

Според очекувањата, Facebook е можно да биде проценет на 100 милијарди долари, што зависи од моменталната вредност, идните планови за развојот на мрежата и приходите (во моментов се 3,7 милијарди, односно 1 милијарда долари годишен профит). Доколку проценките се покажат како точни, тогаш Facebook ќе вреди повеќе од LinkedIn, Twitter, Groupon и Zynga заедно.

За да ги оствари плановите Facebook се надева дека ќе собере околу 10 милијарди долари од продажбата на акции кои поединечно вредат околу 40 долари.

2 коментари на “Facebook ќе излезе на берза на 17 мај, се проценува на 100 милијарди долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии