Facebook ќе доставува Интернет преку беспилотни соларни летала направени со ласери

Facebook го претстави новиот проект на Connectivity Lab, лабораторија која ќе се обиде да обезбеди поквалитетен Интернет насекаде. Connectivity Lab работи на Internet.org иницијативата чија цел е да го направи Интернетот достапен насекаде. Технологијата со која ќе се обидат да го направат ова се беспилотни летала. Леталата кои би се употребувале се Zephyr, авиони на соларен погон кои можат најдолго да летаат произведени од британската компанија Ascenta. Авионите би орбитирале околу погусто наслените места, додека помалку населенти места ќе добиваат интернет преку сателит. Всушност ова и не се разликува многу од проектот на Google кои сакаат да го направат истото со балони.

За целиот проект да звучи уште покул, поврзувањето на сите делови ќе биде направено со ласери, за оваа цел друштвеата мрежа вработи пионери во областа која е наречена „free-space optics“. Интересно неодамна беше објавено дека Facebook е во последна фаза на преговори за аквизиција со Titan Aircraft.

„Во напорите да го поврземе целиот свет со Internet.org, работиме на начин да го спуштиме до луѓето од небото. Денес споделуваме некои детали од работата на Facebook Connectivity Lab кои креираат дронови, сателити и ласери за да го донесат Интернет насекаде“, објави Марк Закерберг.

[youtube]EMwzdYN2v2U[/youtube]

[youtube]XmN13LnBk3c[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии