Facebook ја суспендира Cambridge Analytica, компанијата која собра милиони лични податоци од корисниците

Проблемите на најголемата друштвена мрежа повторно излегуваат на виделина. Facebook објави дека суспендира неколку компании.

„Пред неколку дена до нас стигна извештај дека и покрај уверувањата, не се избришани сите податоци. Ја испитуваме точноста на овие тврдења. Ако е вистина, ова е недозволиво прекршување на довербата и на обврските кои ги преземаа. Во исчекување на дополнителни информации ги суспендираме SCL/Cambridge Analytica, Wylie and Kogan од Facebook.“

Cambridge Analytica доби 15 милиони долари од Роберт Мерсер, богат републикански донатор. Со ветувањето дека може да ги идентификуваат карактеристиките на гласачите, ја добија поддршката и од неговиот советник Стивен Банон. Но, немаа доволно податоци за да функцинира производот, вели New York Times.

Листа на карактеристики кои може да го предвиди Cambridge Analytica / Image New York Times

Во Велика Британија Cambridge Analytica е под истрага пред парламенот поради обвинување за нелегална работа во Брегзит. Cambridge Analytica е дел од кампањата на претседателот Трамп, па и во САД најверојатно ќе биде поставено прашањето, бидејќи е забрането странци да се вклучуваат во политичка кампања.

Поради ова, компанијата си собрала податоци од над 50 милиони профили на корисници на Facebook. Ова е едно од најголемите протекувања на податоци, иако друштвената мрежа е прилично ажурна кога податоците на корисникот се во прашање.

Настанот е добар показател за тоа како една компанија која не се грижи за обврските кои ги преземала може да направи огромна штета. Cambridge Analytica го злоупотреби Facebook Login. Facebook Login е алатката која ви овозможува со профилот од друштвената мрежа да може да се логирате на други сервиси.

Она што никој јасно не го кажува е дека кога ја користите оваа функционалност сервисот може да дојде до куп податоци од друштвените мрежи. Најголем дел од овие податоци ние ги доверуваме на чување на Facebook. Пример: име и презиме, имејл, листа на пријатели, локации и слично.

Контроверзноста е што Facebook им овозможи на страниците кои го користат Facebook Login да прибираат податоци и од пријателите. Во 2015 година професорот Александр Крогн креираше апликација thisisyourdigitallife, на која корисниците се логираа со Facebook.

Иако апликцијата „thisisyourdigitallife“ имаше единствено 270.000 корисници, дојдоа до податоци од 50 милиони, јави Recode. Податоците беа од широк спекатар, од интереси до фотографии. Г. Коган овие податоци ги сподели со Cambridge Analytica, иако ова е споротивно на условите за користење на Facebook.

И тука е најголемиот проблем. Заштита на податоците на корисниците е во целост заснована на доверба помеѓу Facebook и компаниите. Во овој случај немаше никаков хакерски напад; пробивање на заштита; кражба на податоци од Facebook. Едноставно компанијата која го користи Facebook Login ја злоупотреби довербата на Facebook. Друштвената мрежа пак ја злоупотреби довербата на корисниците кои веруваат дека нивните податоци се безбедни.

2 коментари на “Facebook ја суспендира Cambridge Analytica, компанијата која собра милиони лични податоци од корисниците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии