Facebook ја претстави својата крипто валута Libra и новата подружница Calibra доаѓа 2020

Image courtesy of Facebook

Најголемата друштвена мрежа за следната година го најави излегувањето на криптовалутата Libra и компанијата задолжена за криптовалутата Calibra. Првиот проект на Calibra ќе биде дигитален паричник за Libra. Дополнително, компанијата ќе работи и на други финансиски сервиси кои ќе им овозможат на луѓето пристап и учество до Libra мрежата, објави Facebook.

Facebook нема самостојно да управува со Libra туку ќе има ист глас како партнерите со кои ја основаа Libra Association. Дел од основачите кои ја дадоа својата поддршка за овој проект се Visa, Uber и Andreessen Horowitz. Асоцијацијата ќе биде промотор за Libra блокчејнот, а најавен е нов програмски јазик „Move“. Компаниите основачи за своето учество во овој проект платија 10 милиони долари.

Се чини дека идејата зад новиот финансиски сервис на Facebook е да ги опфати сите пазари, дури и оние кои сега немаат можност дури ни за основни банкарски сервиси. Со дигиталниот паричник, корисниците ќе можат да штедат, испраќаат или да праќаат со Libra. Паричникот ќе биде интегриран во Messenger и WhatsApp, но ќе биде достапен и како самостојна апликација. Проценката во Facebook е дека услугата ќе биде достапна од следната година.

„Цената на ова исклучување е висока – речиси 70% од малите бизниси во државите во развој немаат пристап до кредит, а иселениците годишно губат 25 милијарди долари на надоместоци на дознаки“, велат од друштвената мрежа.

Веројатно најдоброто прашање кое треба да си го поставиме е дали следната глобална валута треба да излезе од Facebook. Друштвената мрежа последниов период е во фокус на повеќе контроверзни вести со злоупотреби на личните податоци на корисниците. И овој пат се гласни со ветувањата за безбедност и дека податоците нема да се користат за подобро рекламирање, но и во минатото пронаоѓаа начини да си ги заобиколат ветувањата. Секако доколку сака да го испочитува GDPR, Calibra нема да смее да ги споделува овие податоци на корисниците ниту со компанијата мајка.

Засега сите споделени податоци се базирани на рана фаза на технологијата и можеби ќе бидат променети во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии