Facebook ја подобрува приватноста и објавува ИМ

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}Една од најпопуларните веб мрежи за социјално вмрежување Facebook.com на денешната прес конференција одржана во канцелариите на компанијата во Калифорнија објави дека започнувајќи од Вторник па се до Четврток ќе имплементира подобрен систем за регулирање на приватноста на корисниците.

Истовремено, Facebook го претстави својот инстант месенџер клиент.

Новиот систем за регулирање на приватноста на профилите ќе овозможи на корисниците да одберат кои пријатели ќе можат да им го прегледуваат профилот и до која мера можат тоа да го направат. Односно, ќе можат да ограничат кои пријатели ќе можат да гледаат само слики, а кои ќе можат да им ги читаат коментарите. Корисниците ќе можат да ги ограничат можностите на своите пријатели при самото додавање на истите.

Од неодамна, Facebook се обидува да ја зајакне приватноста на својот сајт и да им даде поголема контрола на корисниците. Во Декември, тие објавија нови методи со кои корисникот може да групира пријатели и зависно од групите да им дозволува пристап до одредени делови на својот профил.

{mosimage}Facebook.com како и секој сајт кој овозможува на корисниците да објавуваат свои лични информации се соочува со огромни проблеми кога е во прашање приватноста и како останатите членови можат да пристапат до нив. Наоми Глеит, менаџерот на Facebook за приватност и интернационализација на прес конференцијата објави дека новиот систем е тестиран подолго време и дека ќе биде имплементиран на големо барање од членовите. При тоа, Глеит истакна дека новиот систем нема да влијае на системот за апликации кој Facebook го претстави од неодамна, кој овозможува на развивачите на софтвер да создаваат разни апликации.

Овој сајт за социјално вмрежување е еден од најиновативните кога е во прашање контролата од страна на членовите над своите информации, и со неизбежното развивање на сајтот со сигурност можеме да очекуваме многу повеќе.

Исто така на оваа прес конференција компанијата го објави новиот сервис – инстант месенџер, кој беше претставен од менаџерот за продукти Петер Денг. Беше истакнато дека за сервисот не е потребно превземање на програми и инсталирање на локални фајлови, туку ИМ-от е целосно веб овозможен и работи со сите прелистувачки платформи. Сервисот овозможува и автоматско архивирање на разговорите и архивите ќе ги зачува за 90 дена на своите сервери.

Дали новиот сервис на Facebook ќе ги загрози постојачките ИМ платформи како MSN Live Messenger, Yahoo! Messenger останува да видиме. Засега, не е овозможено да се додаваат контакти од други мрежи освен Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии