Facebook ја отстранува опцијата Who can look up your Timeline by name

Време е да се збогуваме со уште една опција за приватност на Facebook. После најавата од пред неколку месеци, Facebook денес им испрати известување на корисниците кои ја користат опцијата за тоа дали вашиот профил да се појавува при пребарувањето на самата друштвена мрежа и на останатите пребарувачи.

„Секој ја има(ше) опцијата „Who can look up your Timeline by name”, со која се контролираше кога луѓето може да ве пронајдат доколку го напишат вашето име во полето за пребарување на Facebook. Оваа опција беше воведена кога Facebook беше обичен директориум на профили и беше некако ограничен. Со оваа опција не можевте да им забранете на корисниците да пристапат до вашиот профил доколку кликнат на вашето има преку некој коментар или заеднички пријател. Денес, луѓето може да го пребаруваат Facebook користејќи го Graph Search (како на пример, „People who live in Seattle”), со што контролата на приватноста треба да е појака за овие работи, отколку кој би можел да ве пребарува.

Оваа опција, исто така, предизвика неколкупати да се расипе можноста за пребарување. Како на пример, луѓе ни пријавија дека не можеле да ги пронајдат своите пријатели во резултатите од пребарувањето или пак луѓе кои се во иста група, не можеле да се пронајдат во пребарувањето.”, се вели во соопштението од Facebook.

Доколку сè уште ја имате опцијата „Who can look up your Timeline by name”, Facebook ќе ви прикаже известување со кое ќе ве запознае за промените. Facebook не сака да го ограничува кој може да го пребарува вашето име и кој да пристапува до вашиот профил, туку содржината која ја објавувате.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии