Facebook издаде алатката која овозможува да ги ограничите податоците што ги споделувате со друштвената мрежа

Facebook конечно ја издаде алатката која ќе им овозможи на корисниците да ја прекинат врската помеѓу историјата на веб прелистување и инсталираните апликации, и Facebook профилите. Друштвената мрежа алатката ја најави одамна, а еве конечно е и достапна, засега во три региони, Ирска, Шпанија и Јужна Кореја, а во следните неколку месеци ќе биде достапна во повеќе региони. Името со кое излегува алатката е „Off-Facebook Activity“.

Што овозможува Off-Facebook Activity?

За прибирање на податоците за подобро рекламирање Facebook користи повеќе алатки. Дел од нив се Facebook Login и Facebook Pixel. Кога некој доаѓа на веб страница или продавница алатките го следат нивниот интерес. На пример, корисникот во онлајн книжарница разгледува стрипови или епска фантастика. Овие податоци дека некој од уредот гледал одреден тип на производ потоа се враќаат назад до Facebook. Ако (а, веројатно е) овие податоци се поврзани со facebook-профил, корисникот ќе добива реклами врз база на ваквите податоци.

Дел од Off-Facebook Activity е „Clear History“ алатката овозможува контрола врз податоците кои се споделуваат и прекин на врската помеѓу веб-страниците и Facebook. Корисникот ќе може да види кој апликации и веб-страници имаат негови податоци и со притисок на едно копче може да го избрише целиот историјат. Дополнително, алатката овозможува и прекин на споделување на овие податоци. Ова може да се прави директно, за сите извори на информации наеднаш, или за секој сервис посебно.


Ова секако ќе ја намали релевантноста рекламите кои ќе му бидат презентирани на корисникот, а со тоа и на заработката на Facebook, но во друштвената мрежа се свесни за ова. Инаку податоците, на пример од Facebook Pixel и понатаму ќе стигаат до компанијата, но ќе бидат анонимни и друштвената мрежа нема да може да ги поврзе со даден корисник.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии