Facebook Instant Articles сега се достапни и на Android

Instant Articles на Facebook официјално пристигнаа и на Android. Се работи за функционалност вградена во мобилната верзија на Facebook која десет пати побрзо ги отвара статиите на 350 светски издавачи. На пример, ако отворите линк на New York Times преку Facebook за iOS или Android, наместо да ве однесе на сајтот на весникот, ќе ви отвори елегантно и минимално дизајнирана страна која ја истакнува содржината.

Идејата на Facebook е да им понуди можност на медиумите да привлечат поголема публика што ја изгубиле од принтаните изданија, да го искористат Facebook како платформа на која може да се сподели содржина и до другите корисници, и да го поделат профитот од реклами. Предноста со брзото отварање на текстовите е секако добредојдена и за корисниците, кои и онака поминуваат огромен дел од времето на друштвената мрежа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии