Facebook и Tor ги здружија силите да ви понудат безбедност преку Android

Дејан Соколоски

во ИТ.МК

Новата надградба на Android апликацијата на Facebook ќе им дозволи на корисниците поедноставно анонимно и безбедно користење преку Tor мрежата. Иако анонимност на Facebook не е можна, сепак ваквото поврзување им помага на луѓето кои сакаат да ја скријат локацијата од каде пристапуваат на мрежата. Социјалната мрежа од пред неколку месеци започна поинтензивна соработка со Tor, што резултираше со можност за логирање преку анонимната мрежа Tor, но и соработка при поднесувањето на .onion домените на IETF.

Промената сега доаѓа со додавање на можност за рутирање на Facebook апликацијата преку Orbot proxy за Android. Користењето ќе биде едноставно и по преземањето на апликацијата корисникот ќе треба единствено во Facebook апликацијата да одберaт „Use Tor via Orbot“.

„Вообичаено добивамe барање за поддршка од различни платформи, благодарение на проектот кој го започна летен стажант и надгради Protect and Care тимот од Лондон, сега може да понудиме експериментална поддршка за Facebook преку Tor за Android уреди“, објави друштвената мрежа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии