Facebook Home e официјално достапен за Android, а Facebook за iOS доби Chat Heads

Facebook Home сега е достапен за сите корисници кои сакаат да го претворат својот Android телефон во Facebook телефон. Но, иако Facebook Home е достапен интернационално, сепак работи само на неколку уреди и тоа HTC One X, One X+, HTC First, Samsung Galaxy S3 и Galaxy Note 2. Со новата апликација за Android ќе може да имате нов почетен екран на кој се прикажуваат фотографии и статуси споделени од вашите пријатели на мрежата, како и Chat Heads функционалност за четување со пријателите додека истовремено користите и други апликации.

Кога сме кај Chat Heads, таа функционалност е достапна и за iOS корисниците, но не како дел од Facebook Home, туку е додадена како опција во стандардната Facebook за iOS апликација. Но, за разлика од Home со кој може да четувате без врска на која апликација користите, Chat Heads за iOS ќе бидат лимитирани и ќе функционираат само во Facebook апликацијата. Додени се и Stickers во четот, односно емотикони за „изразување на емоциите“. Дополнително, со новата надоградба за iOS стартува и новиот редизајниран News Feed кој, спорeд Facebook, е најдобар за iPad.

[youtube]HiqbNxRurFA[/youtube]

1 коментар на “Facebook Home e официјално достапен за Android, а Facebook за iOS доби Chat Heads

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии