Facebook го врати четот, го поправи пропустот со приватноста

Реакцијата на Facebook e:

„За краток временски период, грешка дозволи чат историјата на корисниците и барањата за пријателите да бидат достапни преку манипулирање на „Preview my Profile” oпцијата. Кога беше пријавен проблемот, нашите инжинери веднаш го дијагнозираа проблемот и привремено ја изгаснаа чет функцијата.“

Можеби звучи смирувачки знаејќи дека проблемот е среден. Но од друга страна, ова е уште еден од многу пропусти во приватноста на друштвената мрежа. Покрај ваквите грешки, тука е и комплицираноста на сетинзите за приватност кои се обемни за читање, кои се менуваат често и кои воопшто не се јасни за просечниот корисник, тука е и обидот на Facebook да извлече што е можно повеќе јавна содржина од приватните профили. Пример, со новата приватност сите ваши интереси поврзани со фан страни стануваат јавни….

Кога на Facebook, тогаш претпазливо со приватноста. Подолу е видео на TechCrunch со пропустот на четот.

1 коментар на “Facebook го врати четот, го поправи пропустот со приватноста

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии