Facebook го усовршува Notes во блог платформа

Facebook продолжи да го усовршува Notes со конечна цел да креира сопствена блог платформа која би можела да биде конкурент на Medium, Blogger, но и на останатите слични платформи каде блогерите објавуваат квалитетни содржини.

Првиот новитет е разубавување на „белешките“ со додавање на „cover“ фотографија, преуредување на фотографиите и едитирање на текстот. Освен ова корисниците ќе можат да одберат со кого ќе ги споделета постовите, дали со група пријатели, сите пријатели или јавен пост. Содржините на Notes можат да бидат најразлични, од споделување на сопствено мислење, па се до рецепти за готвење. Една од функционалностите на кои инженерите од друштвената мрежа ќе обрнат внимание во блиска иднина е начинот на пристап до Notes. На веб верзијата корисникот треба да отиде на Facebook.com/notes, но пребарувањето за Notes во мобилната апликација е ужасно решение.

1 коментар на “Facebook го усовршува Notes во блог платформа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии