Facebook го тужи израелскиот Марк Закерберг 2

Facebook го тужи израелeцот Ротем Гуез кој сега, по промена на името, е познат како Марк Закерберг, бидејќи неговата компанија The Like Store ги нарушува условите за користење на друштвената мрежа.

Промената на името иако е малку бизарна, сепак не е спорна. Проблемот лежи во тоа што, според Facebook, The Like Store ги нарушува правилата на мрежата бидејќи им помага на индивидуалците и компаниите да си ги зголемат „лајковите“ на страните.

Закерберг 2, како што го нарекува Reuters, ја возврати тужбата и го обвини Facebook дека немал право да ја избришат страната на The Like Store. Израелецот објави детали за случајот на својата страна MarkZuckerbergOfficial.com.

„Можеби барајќи внимание од медиумите како што може да му донесе промената на име, Закерберг 2, отвори и Twitter и Facebook профили со своето ново име – тој дури го вклучи и слика во која позира со својот нов пасош со име Марк Закерберг.“, пишува Reuters.

[youtube]88_RHT0iOVM[/youtube]

1 коментар на “Facebook го тужи израелскиот Марк Закерберг 2

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии