Facebook го променува хардверот, како што Linux и Android го променуваат софтверот

Open Compute Project на Facebook го прави за хардверот она што Linux, Android и останатите отворени платформу го прават за софтверот, вели Business Insider. Проектот за четири години помогна во развој на хардверот, едноставно преку отворени проекти. Сите производители можат да го преземат дизајнот да го модифицираат и да го надградат, потполно бесплатно. Ова овозможува креирање на специјализирани и поефикасни податочни центри во зависност од потребите на корисникот. Проектот веќе има огромни придобивки, покрај заштедата од 2 милијарди долари на Facebook, новите податочни центри се поефикасни. HP, Microsoft и Apple се приклучија на OCP како корисници, но и како контрибутори, овозможуваат споделување на хардвер дизајни, креирање на екосистем на продукти и стартапи.

Идејата за отворена технологија за податочни центри е на Џонатан Хелингер, инженер задаолжен за инфраструктурата на Facebook. Основната идеја зад проектот беше дека друштвената мрежа не е, и никојпат нема да биде производител на хардвер и поради ова нема да може да се натпреварува со конкурентите, поради ова му предложи на Марк Закерберг, да ја отворат технологијата.

Google засега останува настрана од иницијативата, но и не изгледаат импресионирани. Една од причините за ова е визијата за иднината на податочните центри која ја имаат во компанијата. Според Google иднината е во облакот и најголем дел од компаниите нема да имаат сопствени податочни центри, а технологијата ќе остане важна единствено за навистина големите компании, како Microsoft, Amazon, Apple и Facebook, сите останати ќе бидат опслужувани од облакот.

„Сметам дека во иднина нема да биде важно, најголем дел од луѓето не треба да користат сопствени податочни центри, дури и ако се со отворена технологија. Ова ги решава проблемите краткорочно, некое време ќе биде релевантно бидејќи во голем број на случаи немате избор…“, вели Урс Холце.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии