Facebook го претстави Instagram Lite, нова, многу полесна апликација

Дејан Соколоски

во Мобилни

Нови и значително „полесни“ верзии на апликациите се чини дека се тренд последниве неколку години. Facebook досега претстави Lite варијанти и на Facebook и на Facebook Messenger, па на ред дојде и Instagram. Засега апликацијата не е достапна во сите региони, започнаа со тестови во Мексико, по што ќе се шират до крајот на годината.

Иако и со претходните две верзии на апликациите имаше значителна разлика во големините, разликата со Instagram Lite е исклучителна. Новата верзија е 573KB, што е само трошка од оригиналните 32MB на оригиналната апликација.

Секако овие помали апликации се наменети за полошите и послаби телефони. Сепак иако првата инсталација на Instagram Lite е малечка, ова се менува прилично брзо.

„Нема начин да го ограничите преземањето податоци или да го намалите просторот кој апликацијата го користи локално. Поради што секогаш сум сомничав кога овие апликации се во прашање. По неколку минути Lite е 13,45 MB на просторот на мојот телефон, податоци кои се симнаа додека променив неколку екрани“, вели Рита ел Кури од Android Police.

Засега апликацијата има помалку функционалности од оригиналната верзија. На пример, не може да испраќате директни пораки или да качите видео.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии