Facebook го повлече својот брендиран телефон поради лошиот фидбек

HTC First нема да се продава во Европа, барем не во скоро време, вели Facebook. Одлуката за одложување на продажбата се базира на лошиот фидбек и малите продажби во САД. Телефонот кој беше првиот поевтин уред кој ќе работеше со Facebook Home немаше сјаен прием кај корисниците кои се задоволни од сегашниве Facebook апликации и интеграција со Android. Home, кој беше претставен пред еден месец, е таканаречена Launcher апликација која го заменува почетниот екран на телефонот и дозволува поголема интеракција со друштвената мрежа. Апликацијата е наменета за корисниците кои се постојано на Facebook, но се чини дека апликацијата не е доволно добра. На Google Play има рејтинг од 2,3 од можни 5 од околу 18.000 рецензии.

„Го слушнавме фидбекот од корисниците кои го тестираат Home. Иако на многу луѓе им се допадна, чувме одличен фидбек како да ја подобриме апликацијата. Во следните неколку месеци ќе се фокусираме да додадеме опции за персонализација според тоа што вас ви се допапаѓа.“, вели Facebook.

Интересно, повлекувањето на HTC Fire се поклопува со бројни откази и отпуштања во HTC. Околу шест директори ја напуштија компанијата во изминатиот месецц, а Ерик Лин, поранешниот директор за продукти во HTC кој од февруари работи на Skype, неодамна твитна „До сите мои пријатели се уште во HTC – само отидете си од таму. Отидете си“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии