Facebook го подобри Open Graph, апликациите ќе можат да се споделуваат

На овогодинешнатата конференција на Facebook, f8, Марк Зaкенберг покрај тоа што го претстави новиот изглед на корисничките профили, го претстави и новиот систем на споделување и откривање содржина на Facebook. Со претставувањето на новиот систем, Facebook сака корисниците да споделуваат сè што прават, од слушање музика до читање вести.

За да го постигне ова Facebook го има подобрено Open Graph протоколот со кој програмерите сега ќе можат да креираат апликации кои ќе им дозволат на корисниците да споделуваат и да откриваат нови содржини преку нивните пријатели без да мораат постојано да го одобруваат тоа што го споделуваат. Повеќе нема да има потреба да се притисне копчето Like за да се сподели одредена содржина. Facebook во соработка со многу партнери од различни сфери веќе има развиено голем број на апликации за комуникација, игри, медиуми, и стил на живеење, кои ќе го доближат вашиот живот поблиску до вашите пријатели.

Новиот помал стрим што се наоѓа на десниот агол од Facebook страна веќе прикажува сè што прават вашите пријатели на Facebook, а со новата подобрена платформа тука ќе се појавуваат и активностите што се вршат надвор од Facebook. Па така доколку слушате музика на некој од сервисите кој е партнер со Facebook, таа активност ќе се појави во десниот стрим и било кој од вашите пријатели доколку кликне на веста ќе може да ја слуша истата музика што ја слушате и вие. Истиот принцип важи и доколку гледате некој филм или серија, читате некоја вест, играте некоја игра, или пак користите некоја апликација од партнерите на Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии