Facebook го објави Notify за персонализирани и актуелни вести

Notify е нова iOS апликација од Facebook која прибира вести и статии и редовно го информира корисникот за најважните и најинтересните вести, преку нотификации. Податоците доаѓаат од над 70 новински агенции и организации, помеѓу кои се и CNN, Fox News и Washington Post.

Како и сличните апликации и Notify на Facebook овозможува персонализација со избор на категории, извори или пофокусирани категории од интерес. Така во споменатите категории апликацијата со корисникот споделува вежби за медитација, FOX Sports е задолжен за спортските резултати, а Fandango за најновите филмски трејлери. Нотификациите стигаат на екранот, а корисниците можат да ги отворат и да ги прочитаат во прелистувачот на самата апликација. Дополнително, може да се споделат нотификациите преку имејл, порака, статус на Facebook и останатите друштвени мрежи.

Апликацијата засега е достапна единствено во САД, иако заобиколувањето на локациските забрани, никојпат не претставувало проблем за корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии