Kреирање настани на Facebook ќе биде полесно со подобри сугестии за покани

За да ги направи да бидат слични на групите, Facebook го подобри начинот како се креираат настани кој сега има помалку полиња за пополнување и истакната приватност на настанот за да може да ги поканите само пријателите.

Сега за креирање на настани ќе има само поле за име на настанот, датум и приватност, додека локацијата и дополнителните детали ќе се пополнуваат по потреба, вели софтверскиот инжинер на Facebook, Боб Балдвин.

Настаните ќе функционират како групи во смисла ќе ги анализираат пријателите, најверојатно според локацијaта, и ќе сугерираат нови луѓе кои би сакале да ги поканите со само еден клик. Интересна промена е што сега на настанот можат да коментираат и да споделуваат линкови само луѓето кои ќе присуствуваат на настанот или се најавиле дека ќе присуствуваат. Исто така во тој стрим на настанот ќе се истакнуваат постови според интеракција, наместо како до сега да се редат хронолошки.

Сепак Facebook сè уште не овозможува да се креираат настани преку мобилни апликации за Android и iOS, иако скоро половина од 800-те милиони Facebook корисници ги користат овие мобилни верзии.

Настаните на Facebook се покажаа како одлично решение за организаторите на настани. Според неодамнешна анкета на Constant Contact, 77 отсто од планерите на настани користат друштвени мрежи бидејќи 66 отсто од нив сакаат да допрат до повеќе луѓе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии