Facebook го купи WhatsApp за неверојатни 19 милијарди долари

Загрижен дека мобилните апликации за чет ќе го одвлечат вниманието на корисниците од друштвената мрежа, Facebook се реши да го купи WhatsApp за неверојатни 19 милијарди долари. Оваа сума, која Facebook на WhatsApp ќе му ја исплати во пари и акции, е рекордна зделка во ИТ индустријата до сега. Oколу 4 милијарди ќе бидат исплатени во кеш, а 12 милијарди во акции. Но зделката може да достигне до 19 милијарди бидејќи вработените во WhatsApp ќе добијат ограничени акции во наредните четири години. По аквизацијата, WhatsApp ќе продолжи да работи самостојно без мешање од Facebook, слично како Instagram за кого Facebook плати околу 800 милиони долари пред една година.

„WhatsApp е на пат да поврзе милијарда луѓе. Услугите кои стигаат до оволкав јубилеј се неверојатно вредни. Го познаван Јан долго време и возбуден сум од партнерството со него и неговиот тим со што ќе го направиме светот поотворен и поврзан“, вели Марк Закерберг.

Facebook со интеграцијата со WhatsApp ќе добие 450 милиони корисници од кои 70 отсто се активни секој ден, и проток на пораки кој е еднаков на вкупниот број на SMS пораки од телекомите.

„Возбудени сме и почестени поради партнерството со Марк и Facebook додека го приближуваме нашиот продукт на се повеќе луѓе низ светот“, вели Јан Коум, ко-основач на WhatsApp.

Останува да видиме дали можеби следната верзија на WhatsApp ќе доаѓа до именик кој ќе биде составен од сите Facebook пријатели на корисникот. Според првичната реакција на ко-основачот на WhatsApp, Јан Коум, се чини дека токму зголемување на бројот на корисници и подлабока интеграција со Facebook контактите е причина за аквизицијата.

1 коментар на “Facebook го купи WhatsApp за неверојатни 19 милијарди долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии