Facebook го купи тимот зад Gowalla, сервисот ќе биде изгасен

Кога Facebook го купи локацискиот сервис Gowalla за необјавена сума, целта на друштвената мрежа не беше да ја искористи технологијата, туку да го најми талентот.

Gowalla ќе биде изгасена бидејќи Facebook веќе ja има својата Places платформа. Но, основачите Џош Вилијамс и Скот Рејмонд заедно со програмерите на Gowalla сега се селат од Тексас во Пало Алто, во Калифорнија, да работат од седиштето на Facebook. Иако не е најавено, сепак се претпоставува дека нивната работа ќе биде врзана со Timeline и начинот на како да се искористи локацијата.

Локациските стартап Gowalla привлече внимание од своето стартување во 2009-та година, но не успеа да стане конкурентен на Foursquare кој сега надмина 15 милиони корисници, и кој стана неверојатно популарен дури и во Македонија, како што покажа неверојатниот Super Swarm собир.

„Gowalla како сервис ќе се гаси полека до крајот на јануари. Планираме да ги извлечете вашиот Passport информации, Stamp и Pin податоци, како и вашите слики. Facebook не ги купи податоците на корисниците на Gowalla.”, напиша ко-основачот Вилијамс на блогот на локацискиот сервис.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии