Atlas платформата на Microsoft е во рацете на Facebook. Според службеното известување, маркетинг платформата ќе им помогне на сите огласувачи на Facebook да ја споредат ефикасноста на кампањата на Facebook, со останатиот начин на огласување на мобилните и компјутерите.

На овој начин, Facebook ќе обезбеди и начин за прикажување на огласите на други страници, со што стануваат конкуренција на Google и во полето на рекламирањето. Целта на Facebook е да го направи Atlas најинтуитивна и најефикасна платформа за прикажување на огласи и управување и мерење на ефикасноста на кампањата.

„Ако огласувачите и маркетинг агенции добијат преглед на успесите на нивните кампањи, тие ќе имаат подобри услови да ја испратат правата порака до правите луѓе во право време. Atlas има вградени можности што ќе дозволи вакво мерење, и збогатување на тие системи ќе им овозможи на огласувачите подлабоко разбирање за корисничкото искуство со рекламите.“, вели Facebook.

Facebook не ја открива цената по која го купиле Atlas, но познато е дека Microsoft неа ја купи за 6,3 милијарда долари од aQuantive во 2007-ма година. Аналитичарите проценуваат дека вредноста не надминува 100 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии