Facebook го изигра Google, ја заобиколи блокадата за извлекување Gmail контакти

Google вели дека поддржува пренесување на податоци, но со тоа „мора да се согласите [другите сервиси] да им дозволите на вашите корисници да извлечат контакт податоци од вашиот сервис“. Промената во Правилата за користење на Google Contact API:

5.8. Google supports data portability. By accessing Content through the Contacts Data API or Portable Contacts API for use in your service or application, you are agreeing to enable your users to export their contacts data to other services or applications of their choice in a way that’s substantially as fast and easy as exporting such data from Google Contacts, subject to applicable laws.

При првичното логирање на Facebook, друштвената мрежа ви предлага да си извлечете контакти од вашиот мејл, пример Gmail, за да имате пријатели веднаш. Дополнително, Facebook често ја прикажува опцијата Friend Finder десно на вашиот стрим за вести сугерирајќи да си извлечете контакти од други сервиси, со цел да имате повеќе пријатели.

Но, Google сега тоа го ограничи. Сменетата полиса значи дека ако Facebook сака да превзема контакти од Gmail, ќе треба да дозволи и Google да превземе контакти од Facebook, што ќе одговара за нивната идна друштвена мрежа Google.Me. Иако Facebook неодамна објави опција за креирање .zip фајл со вашите податоци сепак фајлот од друштвената мрежа не вклучува кориснички контакти „кои се едни од највредните податоци“, забележува TechCrunch.

Но… Facebook најде итар едноставен начин како да го заобиколи блокирањето на Google.

Сега кога ќе отидете на Facebook Friend Finder алатката и побарате да извлечете ваши Gmail контакти ќе добиете порака дека „Gmail не одговори на барањето“ и дека треба да ги симнете вашите Gmail контакти во фајл (што е опција на имејл сервисот) и истиот да го закачите на Facebook, и со тоа да ја заобиколите блокадата на Google, која бидејќи има опција за екстракција всушност е само блокада на автоматското импортирање на контактите.

Тоа што е интересно е што со Download Your Contacts копчето Facebook веднаш ви го дава Gmail фајлот со контактите, забрзувајќи го процесот вие да не мора да се логирате на мејл сервисот и да не се мачите.

„Дали или не Google ќе го блокира и ова заобиколување не сме сигурни, иако може да се очекува Google да го искористи како преседан за своите нови услови за преносливост на податоци.“ пишува AllFacebook во својот текст „Facebook му го покажа средниот прст на Google“.

<Надополнето> Кратка реакција од Google</надополнување>

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии