Facebook го интегрира Like копчето во мобилните апликации

Сега ќе може да споделувате содржина со Like копче и преку мобилни апликации, вели Facebook. Новата функционалност во Open Graph ќе им овозможи на програмерите да си креираат Like копче за својата мобилна апликација.

Ова „интегрирано искуство“ ќе им овозможи на корисниците да споделат содржини на друштвената мрежа преку апликациите, пример ако кликнат Like на некоја слика на Instagram, сопственикот на сликата ќе добие нотификација на мрежата дека некому му се допаднала фотографијата.

Програметите нема да мора да го заменат Like копчето во своите апликации, туку едноставно само ќе можат да ја поврзат „like action” до своето персонализирано копче. За да ја користи функционалноста, апликациите мора да побараат дозвола од корисниците за да објавуваат содржина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии