Facebook го финализираше купувањето на Instagram на кој сега се споделија 5 милијарди фотографии

Добредојде Instagram на Facebook, му посака друштвената мрежа на својата нова аквизиција на која потроши 750 милиони долари (првичната цена од 1 милијарда опадна поради вредноста на акциите). Во краткиот блог пост Facebook уште еднаш потврди дека мобилната апликација за споделување фотографии ќе остане самостојна апликација, односно нема да ја затвори и интегира во себе, туку ќе соработуваат заедно.

Тоа всушност е и паметна одлука на Facebook, бидејќи Instagram продолжува да расне. Во истиот момент кога беше финализирана аквизицијата, Instagram објави на својот блог дека сега 50-те милиони корисници споделија вкупно 5 милијарди слики.

Ова е неверојатна бројка за сервис кој е само 2 години стар и кој до неодамна имаше само 14 вработени кои сега ќе се преселат да работата во канцелариите на Facebook.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии