Facebook ги редизајнира иконите за пријатели заради еднаквост на половите

Facebook прави мала, но симболична промена во една од иконите по кој сервисот е препознатлив. Станува збор за „додаи пријател“ иконата која доколку внимателно сте ја разгледувале ќе забележавте дека композиција од две силуети машка и женска, но машката е прва и поголема. Новите икоони веќе се достапни на друштвената мрежа и на останатите продукти на Facebook.

Новата икона ќе ги замени местата и ќе ја изедначи големината на двете силуети, односно ќе ја истакне еднаквоста на половите. Слична промена ќе добие и иконата за групите во која жанската силуета ќе го заземе централното место. Можеби промените се минимални и симболични, но ќе бидат добредојдена промена, вели Кејтлин Винер, дизајнерот на Facebook која новите икони ги изработи така да ги промени и фризурата на силуетите.

„Мојата прва идеја беше да нацртам двојна силуета, двајца луѓе со иста големина без линија која ќе ги одделува и ќе покаже кој е напред… Сепак ја сместив женската силуета малку помала пред машката“, вели г-ѓа Винер во својот блог пост во Medium.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии