Facebook ги ребрендра Instagram и WhatsApp

Се чини дека автономијата која ја имаа Instagram  и WhatsApp во Facebook е при крај. Друштвената мрежа наскоро ќе ги ребрендира Instagram и WhatsApp во Instagram from Facebook и WhatsApp from Facebook. Промената за Information кој прв ја сподели веста, ја потврдија извори од компанијата.

Официјална потврда дојде од портпаролот на друштвената мрежа кој објасни дека компанијата сака да биде појасна за производите и сервисите кои се дел од Facebook.

Двете платформи се дел од Facebook подолг период. Instagram e дел од 2012 година, а WhatsApp од 2014. Сепак дел од корисниците сè уште не препознаваат дека овие платформи се дел од Facebook. Благодарение на ова, Instagram и WhatsApp не беа зафатени од острите критики кои го следат Facebook последниве неколку години.

Двете компании и по купувањето имаа прилично голема слобода. Компаниите имаа одделни канцеларии, апликации, веб-страници, имејл-адреси. „Facebook дури им дозволи на вработените на WhatsApp да имаат поубави бироа и тоалети“, пишува Wired.

Промените се актуелни последниов период, основачите на двата стартапи веќе од поодамна ги напуштија раководните позиции под Закерберг, а на нивно место се донесени директори од Facebook. Иако причините за ова никогаш не се јавно објавени, се шпекулира дека големото влијание на друштвената мрежа ги „избрка“ основачите на Instagram Кевин Систром и Мајк Кригер, и основачот на WhatsApp Јан Кум од Facebook.

Веројатно најчуден во целава приказна е тајмингот. Одделот за правда и Федералната агенција за трговија најавија дека започнуваат истрага која треба да докаже дали со купувањето на овие две компании Facеbook го прекршил законот за конкуренција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии