Facebook ги претстави новите Timeline апликации со активности

Како што се очекуваше, Facebook во четврток ги претстави новите Open Graph апликации кои ќе го променат начинот како се споделува содржина. Наместо сега само „лајкнување“ на постови и линкови, сега корисниците ќе можат да читаат, патуваат, трчаат, рецензираат филмови, раскажат приказна, готват…

Апликациите на Facebook, кои се стартувани од неколкуте партнери како Foodily, Ticketmaster, Pinterest, Rotten Tomatoes и други, ќе ја прикажуваат активностата во реално време на корисничкиот Timeline.

[youtube]q3b94kFBah8[/youtube]

Kорисниците можат да си додадат апликации зависно од активноста во својот Timeline. Moментално има 60 апликации кои се интегрирани во Facebook, но ќе има уште.

„Наскоро ќе има апликации со најразличен вид на интерес. Без врска дали сакате сноубоардинг, градинарење, шетање, плетење, или нешто друго, ќе има апликација за тоа.“, вели Facebook.

Корисникот самиот ќе може да одбира кога ќе се додаде апликација, да одлучи кои постови да бидат прикажани на Timeline, и да ги уреди опциите врзани со апликацијата преку Activity Log. Доколку некој пријател ја користи истата апликација, тој ќе може да ги види деталите и историјата на активностите врзани со таа апликација.

[youtube]iWCaJjk7TA8[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии