Facebook Fan Box, алатка за брендови

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage}8 милиони корисници секој ден стануваат фанови на Facebook за да се поврзат со нивните омилени јавни личности или организации и да добиваат вести директно од нив, велат програмерите на Facebook кои вчера ја промовираа Fan Box со која се овозможува на брендовите да ја имплементираат оваа апликација на својот сајт.

Fan Box е Facebook Connect апликација, и без врска дали сте или не на сајтот на Facebook корисниците ќе можат да станат фанови на компаниите и популарните брендови само со посетување на сајтот и кликање на "Become a Fun" oпцијата. Нормално, сево ова е можно само доколку на сајтот го има поставено Fan Box-от.

Ова е интересна апликација која може да ја зголеми популарноста на еден бренд и неговото присуство на друштвената мрежа, бидејќи од страна на фановите сега не мора да се на Facebook за да ги следат најновите вести. А од страна на брендот, преку нивниот сајт т.е Fan Box содржината од Facebook профилот станува јавна и достапна за поголема број на фанови, и исто така се појавуваат само вестите за нивниот бренд, што е многу подобро отколку тие вести да се најдат на профилите измешани со други информации.

IT.com.mk on Facebook


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии