Виртуелна реалност, AI и камера од 360 степени… Ова е иднината на Facebook

Чет-ботови, виртуелна реалност и покорисен Messenger се најголемите новости претставени на првиот ден на F8, официјалната конференција на Facebook. Чет-ботовите на Facebook неофицијално беа најавени минатата недела, а сега само се потврдени шпекулациите. Компанијата објасни дека примената на ботовите ќе биде, пред сѐ, за компаниите за да им ја олесни комуникацијата со клиентитите. Името под кое ќе доаѓаат ботовите е „Bots of Messenger“.

Чет роботите ќе можат да испраќаат посложени пораки кои освен текст ќе содржат слики, линкови и копчиња. Ова ќе овозможи и додавање на можност за купување директно од апликацијата. Иако поради неможноста за плаќање со кредитна картичка преку апликацијата во прво време ќе биде отворена вебсајтот од каде ќе може да се купи производот. Компаниите ќе можат да искористат некои од постоечките „автомати“ или да креираат сопствен, самостојно или со некои од партнерите на социјалната мрежа. Малку пред Facebook, и Microsoft ги најави своите чет-ботови, и заедно со Watson на IBM изгледа дека компаниите ќе ја „пензионираат“ човечката грижа за корисници. Што се однесува до Facebook, социјалната мрежа планира да заработи од чет-ботовите преку реклами.

Најверојатно најинтересниот производ кој го презентираше компанијата е камерата која овозможува снимање и фотографирање во 360-степени. Facebook Surround 360 доаѓа со 17-вградени камери кои го покриваат секој агол, a 14 од овие камери се со широк агол на снимање, додека преостанатите три се „fisheye“ камери, две на долната и една на горната страна на камерата. Камерата ќе може да снима 4К, 6К и 8К видео, и ќе биде достапна за сите да ја направат. Се очекува плановите да бидат споделени на Github, но Facebook Surround 360 нема да биде евтина, за материјалите за креирање на камерата ќе бидат потребни 30.000 долари, пренесува Verge.

Голема новина се плановите на Facebook да се ангажира повеќе околу виртуелната реалност. Oculus Rift е достапен во продажба помалку од еден месец, но Facebook веќе размислува за следниот производ на стартапот. Марк Закенберг вели дека сакаат да креираат очила за проширена реалност, кои ќе бидат налик на HoloLens, но со големина на Google Glass. Засега се чини дека ова е неостварливо, но во подалечна иднина, овие очила ќе бидат реалност.

„Денес ако сакам да им покажам фотографија на моите пријатали го вадам телефонот и им покажувам мала слика, Во иднина ќе може да да отворите слика и да им покажете колкава сакате, со помош на очила за проширена реалност“, вели г. Закерберг.

Платформата за споделување на видео, Facebook Live сега е отворена за сите развивачи. Компаниjaта го издаде API-то па сите заинтересирани ќе можат да ги интегрираат алатките во своите стримови. Како што најавија, и Instant Articles сега е достапен за сите. Платформата овозможува надминување на проблемот со бавно отворање на вебсајтовите, а од сега сите можат да го користат за забрзување на своите статии.

Facebook F8 конференцијата продолжува денес.

1 коментар на “Виртуелна реалност, AI и камера од 360 степени… Ова е иднината на Facebook

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии