Facebook експериментира со пораки кои опоменуваат за осетлива, насилна и сексуална содржина

Facebook започна со експериментирање со пораки кои опоменуваат за насилна, сексуална или осетлива содржина, пишува Guardian. Според сознанијата на Guardian, се размислува за воведување на такви забрани за корисници со одредена возраст, но сè уште не постојат алатки кои би го решиле тој проблем.

Kорисниците кои ќе сакаат да прикачат таков вид на содржина, ќе добијат поучни пораки, а понекогаш ќе бидат спречени при прикачувањето на таквата содржина, па дури може да добијат и забрана за прикачување на одреден период. Причините за таквите промени во правилата е поттикната од видео кое го постави мексиканската група за протести и на кое беше прикажано како членови на картелот убиваат жена.

Сепак, Facebook вели дека таквата забрана и промена на правилата ќе зависи од случај до случај. Објави и содржини кои би испровоцирале и би поттикнале дискусија за одредена кампања, би биле дозволени, но доколку се работи за содржина во која се исмеваат одредени личности или нешто слично, ќе бидат отстранети.

Портпаролот на Facebook за Guardian изјави дека алатка за ограничување на одредена содржина на база на годините на корисникот би била одлична опција, но сè уште ја немаат таа технологија за веднаш истата да биде применета.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии