Facebook е соочен со групна тужба

Ако помисливте дека насловот е поврзан со последните настани со Cambridge Analytica, се излажавте. Овој пат причина за тужбата е технологијата за препознавање на ликови која ја користи компаниајта.

Тужбата ја започнаа корисници од Илиноис, но неодамна Федерален судија одлучи дека има основа за тужба.

Тужителите објаснија дека приватна компанија не смее да собира и да чува биометриски податоци од граѓаните без нивно пишано одобрение. Facebook е приватна комапанија, пишани дозволи од корисниците нема, па пресудата се чини ќе биде едноставна. Дека начинот на кој Facebook ги користи овие податоци е ваков стои во објаснувањето дека: „Секој податок по кој може да се распознаваат граѓаните е нивна сопственот“. Поради ова компанија не смее да го продава, изнајмува, тргува со него и било како да заработи, јави National Public Radio.

Одлуката на судијата е дека случајот може да продолжи како групна тужба (class action). Ова потенцијално може да ја „олесни“ друштвената мрежа стотици милиони долари. Во најлош случај за мрежата, ако бидат одобрени барањата на тужителите, на сите оштетени да им се исплатат по 5000 долари, оштетата би достигнала милијарди долари.

2 коментари на “Facebook е соочен со групна тужба

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии