Facebook е сериозен со гејмингот, Messenger доби Instant Games

Најголемата друштвена мрежа вложува сериозни напори да се претстави како главна платформа за опуштено играње видеоигри. По Facebook Gameroom сега друштвената мрежа додаде нова гејминг функционалност на Messenger. Instant Games им овозможува на корисниците да можат да ги предизвикаат соговорниците директно во разговорите.

Игрите се HTML5 и се отвораат брзо, а со тоа овозможуваат и кратка забава. Со оглед на тоа дека сепак станува збор за друштвена мрежа, а игрите се најдобри во друштво – Facebook одлучи да го возможи токму ова. Во моментов можностите на HTML5 се и повеќе од доволни за да може да се играат игрите. Instant е достапен на телефоните со понови верзии на Android и iOS, за Android тоа е верзијата 5.0, а за iOS 8.0.

pacman-games-messenger-796x370

Image: Facebook / Newsroom

Играњето е едноставно, од конверзацијата во долниот агол се одбира игра и може да се предизвикаат еден или повеќе пријатели. Игрите можат да бидат пронајдени и во пребарувањето на Messenger каде ќе можат да се играат без пријателите.

Платформата е достапна во 30 држави и на неа се достапни 17 игри. Дел од овие игри го издржале тестот на времето, но некои се и понови. Words with Friends: Frenzy; PAC-MAN, EverWing, SPACE INVADERS, TRACK & FIELD 100M, Galaga, се дел од првите игри кои се достапни на платформата.

Засега Instant Games не се достапни во Македонија, но речиси без сомневање Facebook наскоро и глобално ќе ја издаде надградба, па ќе може да ги предизвикате и вашите пријатели.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии