Facebook е проценет на 41 милијарда долари

Вредноста на Facebook е разбирлива, велат експертите, ако се земе в предвид дека пред само неколку години, во 2004 година, од мрежа за сегментирана студентска публика Facebook стана светски хит со над 500 милиони корисници.

Сепак проценката од SecondMarket не мора да значи дека тоа е и реалната вредност на Facebook, вели Bloomberg, бидејќи SecondMarket е затворен пазар со мал број инвеститори и лимитиран број на акции. Kонкретната вредност на Facebook ќе се знае само по јавното надавање, чиј датум останува шпекулација.

Сепак очекувањата на многумината инвеститори и експерти се слични. Според неколку инвеститори, во текст на Wall Street Journal од мај, тие тогаш очекуваа вредноста на друштвената мрежа да достигне меѓу 35 и 40 милијарди долари до 2011 година. Според други експерти мрежата ако продолжи со својот раст во 2015 год. ќе достигне и над 100 милијарди долари вредност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии