Facebook дозволи логирање преку анонимниот Tor

Корисниците ќе можат без проблем да се логираат на Facebook преку анонимизиран пристап на Tor. Ова беше можно и досега, но новина е што се оневозможува криптираниот сообраќај до друштвената мрежа да биде погрешно регистриран како кражба на профилите.

Но, уште поважно оваа функционалност ќе овозможи пристап до друштвената мрежа во држави кои го ограничуваат пристапот на Интернет како Кина, Северна Кореја, Иран или Куба. Отсега овие корисници можат да го посетуваат Facebook без притоа да ја изгубат својата заштита.

„Потегот на Facebook ќе биде навистина популарен кај оние кои сакаат да ги зачуваат својата локација и прелистувачки навики во тајност“, вели консултант на проектот др. Стивен Мардок, за ВВС. „Користењето на социјална мрежа анонимно е навистина тешко, станува збор нешто што е потполно противречно, доколку едноставно само не ги читате информациите“

Доколку сакате да се логирате на друштвената мрежа преку Tor тогаш преку Tor прелистувачот треба да ја посетите https://facebookcorewwwi.onion/, се разбира за влез на мрежата повторно треба да го внесете корисничкото име и лозинката – но целата комуникација е анонимна, односно во случајот со Facebook нема да може да се открие од каде се логирате. Идентитетот е познат поради Facebook профилот. Дополнително Facebook SSL конекцијата преку е прва досега за .onion сајт. Tor услугата на друштвената мрежа е прва која добива легитимен SSL сертификат, вели PC World.

1 коментар на “Facebook дозволи логирање преку анонимниот Tor

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии