Facebook Credits ќе се користат и за надворешни сајтови

Виртуелната валута на Facebook, која сега се користи за купување виртуелни добра од разните апликации и игри што се на мрежата, и преку која Facebook зема 30% од секоја трансакција, наскоро би можело да се појави и на други веб сајтови кои не се дел од друштвената мрежа.

Според програмерскиот блог на Facebook, oва сега за сега е експеримент кој се прави со игрите UNO Boost и Collapse! Blast. Facebook и Gamehouse, студиото зад игрите, ќе ги следат реакциите на играчите и како ги користат Facebook Credits.

Играчите кои ќе се логираат во игрите преку својот Facebook профил ќе имаат опција да плаќаат само со Credits, што може да биде проблем бидејќи ќе немаат избор. Интересно, Gamehouse прифати да плаќа 30 отстo за користењето на Facebook Credits.

(via ReadWriteWeb)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии