Facebook Circle Hack

Креирањето листи на пријатели овозможува да се води грижа со кого што споделувате. Пример, кога споделувате статус треба само да кликнете на Share this with, да изберете Custom и да одберете листа на пријатели кои сакате да го видат статусот, без да мора да споделувате со сите ваши пријатели.

За разлика од Google+ каде овој аспект од приватноста е лесен за контрола, круговите се едноставни, кај Facebook има проблем бидејќи за да се креира листа потребно е да отворите Friends листа од левата страна -> па Manage Friend List -> па Create List -> и во поп-ап екранот ќе треба да ги одбележите пријателите кои сакате да бидат додадени во една листа. Можеби вака звучи едноставно, но за многу корисници е премногу кликање.

Затоа, и најверојатно од забава, Facebook инженерите го креаираа Circles Hack кој овозможува лесно да се групираат пријателите во листи. Потребно е само да отидете на сајтот, да се логирате со Facebook и ќе добиете исти интерфејст како Google+ Circles каде само со повлечи-и-спушти ги додавате пријателите во листи. Можете и неколку пријатели одеднаш да додавате.

Проблем со Circle Hack е што ако сакате да избришете листа или да тргнете некој пријател од листа ќе треба да го направите тоа преку Facebook.

3 коментари на “Facebook Circle Hack

  1. Значи развивачите немаат врска со Facebook, така да тргнете го тоа од Facebook инжинери, звучи како да се од самиот Facebook (фирмата). Иначе интересно :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии